Шест места во домот што често забораваме да ги исчистиме


chistenje-woman-doing-housekeeping-depositphotos_9304975_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Редовното чистење со правосмукалка, бришењето на подовите и одржувањето на кујнските површини се дел од секојдневната рутина во многу домаќинства. Сепак, постојат места во домот што често ги занемаруваме, а на кои се собираат прашина, маснотии и други нечистотии, пишува „Гуд хаускипинг“.


Експертите за одржување на домот издвојуваат шест места на кои треба да им се посвети дополнително внимание.

1. Гумената заптивка на машината за перење

Во наборите на гумата околу вратата на машината може да се задржат вода, остатоци од детергент и нечистотии. Влагата може да предизвика непријатни мириси и појава на мувла. Затоа се препорачува гумата да се избрише по перењето, а вратата да се остави отворена за да се исуши внатрешноста.

2. Филтерот и внатрешноста на машината за садови

Остатоците од храна се задржуваат во филтерот, додека маснотиите се таложат околу вратата и гумените заптивки. Филтерот треба повремено да се чисти според упатствата на производителот.

3. Прекинувачите за светло и кваките

Овие површини секојдневно ги допираме, но често ги прескокнуваме при чистењето. На нив може да се задржат маснотии, прашина и микроорганизми. Доволно е редовно да се пребришуваат со соодветно средство, внимавајќи течноста да не навлезе во електричните прекинувачи.

4. Просторот зад и под мебелот

Под креветите, плакарите и гарнитурите се собираат прашина, влакна и ситни нечистотии. Овие места треба повремено темелно да се исчистат со правосмукалка.

5. Одводите и тушот

Остатоците од сапун и бигорот може да се наталожат во одводите и отворите на туш-слушалката, што го отежнува протокот на вода и создава услови за развој на микроорганизми. Затоа е потребно редовно одржување.

6. Горните делови на плакарите и вентилаторите

Прашината често се собира на горните делови од кујнските елементи, плакарите, вентилаторите и светилките. Овие површини треба да се вклучат во повременото темелно чистење.

Експертите советуваат ваквите задачи да се распоредат во текот на неделата, наместо сите да се оставаат за еден ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK