Ритер до Зеленски: Си ја копаш дупката


depositphotos_704810998_xl-1.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со својата изјава дека нема да го покани рускиот претседател Владимир Путин во Киев, Владимир Зеленски ја влоши ситуацијата за Украинците, рече пензионираниот американски разузнавач Скот Ритер.


„Си ја копаш дупката. И тоа е во ред. Само е штета што ја влечеш целата нација надолу со тебе“, напиша Ритер на социјалната мрежа Икс, пренесуваат медиумите во регионот.

Во вторникот, шефот на киевскиот режим одби да патува во Москва на преговори и додаде дека нема да го покани Путин во Киев.

Путин претходно во неколку наврати изјави дека Зеленски може да дојде во Москва, ако е подготвен за дијалог, објави Спутник.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така, истакна дека на Зеленски ќе му бидат обезбедени безбедносни гаранции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK