Капитенот на Барселона, Рафиња, го продолжи договорот до 30 јуни 2030 година, објави клубот.
Актуелниот договор на 29-годишниот бразилски фудбалер важеше до јуни 2028 година.
Рафиња постигна 19 гола на 13 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 15 во шпанското првенство, забележал и три асистенции.
Во 2022 година, тој се пресели од Лидс во Барселона, со која освои три шампионски титули, Кралскиот куп и три шпански Суперкупа.
Досега, тој одигра 190 натпревари за каталонскиот клуб, постигна 94 гола и имаше 62 асистенции.
Foto/ Depositphotos