Во сабота, (07.11.2026), со почеток во 19ч, во Галерија Рудиќ ќе се отвори изложба на полароиди на италијански фотограф Патрицио Чиполини(Patrizio Cipollini), под име “Душе”
Полароиди на Патриција Чиполини — единствена изложба за минливоста и магијата на моментот.
Чиполини ги користи несовршеностите на полароидната фотографија за да ја нагласи минливоста на моментот: меките, избледени бои и благиот контраст ја претвораат секоја слика во мал артефакт. Непредвидливите протекувања на светлина и неправилните рабови стануваат дел од неговата естетика, додека ограничениот динамички опсег им дава на делата носталгична патина. Како што забележува галеристот Carlo Gallerati, авторот не го планира кадарот, туку реагира на магијата на просторот, времето и светлината.
Полароид е фотографски медиум кој не е отпорен на времето. Со текот на времето боите се губат, сликата исчезнува. Тоа се случува и со полароидите на Cipollini. Минималистички пристап на авторот – во спој со спонтаност и шармот на полароидот и делувањето на времето, ја обликуваат изложбата во единствена симбиоза.
Таа е единствена во овој момент; утре, времето ќе остави своја трага и ќе создаде нешто сосема поинакво – и токму затоа треба да се види денес.
Изложбата ќе трае до 30.11.2026