Контроверзниот план на Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите во средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, откако два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пренесува „Фајненшел тајмс“.
Оваа промена на рутата се случува во момент кога состојбата со снабдувањето со дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажуваат дека залихите паднале под 100 милиони барели – што се случува за првпат во последните повеќе од две децении. Недостигот се заканува дополнително да го оптовари горивото кое претставува вистински „животен крвоток“ на американската економија.
Во неделите пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да привлече гласачи. Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците; во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи низ целата земја и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот.
Three Russian shadow fleet tanker loaded with Russian diesel have altered course and won’t be shipping to the US coast.
The “Agioi Fenandes” (IMO: 9798375) and “Talisman” (IMO: 9292060) switched their destination to “For Orders”, meaning that they are actively looking for buyers. The “Leruo” (MO: 9385831) has set course for Brazil, while also looking for buyers. Source is “Marinetraffic”.
It looks like that the Trump-Putin scheme has fallen apart the moment the midterms were lost for Trump. What a surprise..
— (((Tendar))) (@Tendar) November 4, 2026
Танкерите наеднаш ги менуваат дестинациите
„Talisman“ – 20 години стар руски танкер кој е под санкции од САД, Обединетото Кралство и Европската Унија – и „Leruo“ – танкер во сопственост на компанија од Хонгконг, кој плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Обединетото Кралство, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат атлантскиот брег на САД како своја дестинација. Во понеделникот, „Leruo“ го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Talisman“ се оддалечи од Атлантскиот Океан и се врати кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на брегот на Алжир. Овој брод емитува сигнал дека „чека наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар.
Трет танкер натоварен со руски дизел, бродот „Agioi Fanendes“ кој е во грчка сопственост, според податоците за пловидба сè уште се упатува кон САД, но исто така пријавува дека „чека наредби“. Нејзиниот сопственик, „Eastern Mediterranean Maritime“, претходно изјави за „Фајненшел тајмс“дека бродот плови и чека наредби бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено, додека на дополнителното барање за коментар во средата не одговорија.
Од друга страна, „Beast“ – танкер опфатен со санкции, кој својот товар го натоварил на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“, што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на Америка.
Гувернерката упати закана до пристаништата доколку прифатат руски бродови.
Сопствениците на санкционираните танкери не беа достапни за коментар. Договорот на Трамп со Путин ги разгневи демократите, но и некои републикански претставници во Конгресот, кои предупредија дека договорот би можел да биде незаконски и побараа негово итно поништување. Гувернерката на Њу Џерси, Мики Шерил, оваа недела испрати официјално писмо до операторите на пристаништата и терминалите во нејзината сојузна држава – преку кои пристигнуваат пратките за пристаништето во Њујорк. Таа ги предупреди да ги вратат назад сите танкери што превезуваат руски дизел, во спротивно ќе се соочат со строги казни.