Вчера, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 27-годишниот А.С. од Прилеп, извести МВР.
При извршен претрес во неговиот дом и помошните простории во Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.