Хакери нападнаа продавници на „Карфур“, „Спар“ и „Икеа“ во Европа; ги загреаја фрижидерите до 50 степени


13467188.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хакери извршија напад врз системите за ладење во десетици супермаркети низ седум европски земји. Како што пренесува BBC, погодени се продавници во Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија и Финска, при што температурата во некои фрижидери и замрзнувачи се искачила дури до 50 степени Целзиусови.


Во Белгија и Луксембург се погодени околу 40 супермаркети од ланецот „Делез“ (Delhaize), а проблеми се пријавени и кај други трговски ланци, меѓу кои „Карфур“ (Carrefour), „Спар“ (Spar), „Икеа“ (IKEA), „ИЦА“ (ICA) и „Куп“ (Coop).

Белгиската компанија „Сабкобел“ (Sabcobel), која произведува дел од погодените уреди за ладење, соопшти дека системите биле префрлени во режим на одмрзнување, што довело до нагло покачување на температурата. Се претпоставува дека напаѓачите го искористиле истиот метод како и во октомври, кога беа нападнати стотици супермаркети во Франција. Според локалните медиуми, во тој инцидент се расипала храна во вредност од милиони евра.

Стефан Моеланс, директор на „Сабкобел“, за белгиската новинска агенција „Белга“ (Belga) потврди дека станува збор за сајбер-напад. Тој изјави дека вработените поминале цела ноќ и утро исклучувајќи ги погодените уреди од мрежата.

Тој објасни дека, по нападите во Франција, компанијата работела на обезбедување на системите за ладење на своите клиенти. Сепак, само софтверските ажурирања не се доволни за целосно решавање на безбедносниот проблем – потребни се и физички модификации на уредите.

Повеќето европски супермаркети користат системи за ладење поврзани на интернет, што овозможува далечинско одржување и решавање проблеми. Моеланс напомена дека, по нападите во Франција, многу клиенти преминале на управување со своите уреди за ладење преку безбедна интернет-врска.

Сè уште не е познато кој стои зад најновите напади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK