Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Лекип“ и магазинот „Франс фудбал“, која ја доделува наградата „Златна топка“, планира да поднесе тужба поради наводите за протекување информации и потенцијално лажно обложување поврзано со победата на Хари Кејн, објави АФП.
„Интегритетот на „Златната топка“ е апсолутен приоритет“, соопшти групацијата „Амаури“ во соопштение за медиумите испратено до АФП и потврди дека „многу сериозно ги сфаќа наводите за протекување резултати и потенцијално лажно обложување“.
Финансискиот новински портал „Апсајд“ објави во последните денови дека неколку потенцијално сомнителни облози биле поставени на платформата за обложување „Полимаркет“, која нема лиценца за работа во Франција, пред церемонијата одржана минатиот вторник во Лондон.
Според „Апсајд“, само неколку дена пред церемонијата, речиси 265.000 долари биле уплатени преку 12 сметки, за кои веројатно е дека се работи за истото лице. Редоследот на првите пет кандидати за Златната топка е прецизно предвиден: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси.
„Во тек се проверки за да се утврдат фактите и да се утврди кој би можел да биде одговорен“, објави „Амаури Груп“.
Foto/ EPA