Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика шпекулации, хирурзи проценуваат дека зафатите би можеле да чинат илјадници долари


dhenifer-lorens-jennifer-lawrence-wearing-custom-givenchy-depositphotos_861889020_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот изглед на холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а неколку пластични хирурзи изнесоа претпоставки за можните естетски зафати на нејзиното лице. Сепак, актерката не потврдила дека направила такви операции, пишува „Пејџ сикс“.


Пластичниот хирург Шон Мекнали процени дека комбинација од операција на горните очни капаци и подигнување на веѓите би чинела околу 15.000 долари, додека кај најбараните хирурзи во Лос Анџелес и Беверли Хилс цената би можела да надмине 30.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Cut (@thecut)

Шпекулациите се појавија по фотосесијата на актерката за списанието „Д Кат“, кога вниманието го привлече нејзиниот изглед, особено пределот околу очите.

Хирургот Семјуел Голпанијан смета дека очите на Лоренс изгледаат поотворено, а веѓите благо подигнати, што би можело да биде резултат на естетски зафати. Сепак, други специјалисти посочуваат дека сличен ефект може да се постигне и со ботокс, филери или ласерски третмани.

Лекарите нагласуваат дека актерката не била нивна пациентка и дека нивните проценки се засноваат исклучиво на фотографии.

Лоренс претходно јавно призна дека направила операција на градите и дека користи мали количества ботокс, но не потврдила никакви хируршки интервенции на лицето.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK