Македонија ја проширува гасната поврзаност: Се подготвува интерконектор со Србија


gasovod-960x640
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Покрај изградбата на гасоводот со Грција, Македонија започна активности за подготовка на ново гасно поврзување со Србија. Интерконекторот, предвиден во должина од 23 километри на македонска територија, е дел од напорите за развој на гасната инфраструктура и создавање можности за поразновидно снабдување со природен гас.

По склучувањето на договорот на 27 август 2026 година, започнати се активности за дефинирање на трасата и проектирање. Според проектната документација, финансирањето е предвидено да се обезбеди од сопствени средства на НОМАГАС.


Подготовката на интерконекторот со Србија се одвива паралелно со градежните работи на поврзувањето со Грција. Таму, од вкупно 68 километри гасовод на македонска територија, досега се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43 километри, а 18 километри се спуштени во ров.

Истовремено, се спроведуваат активности за техничко оспособување на домашните гасоводни делници Клечовце–Неготино и Неготино–Битола, по што треба да продолжат и работите на делницата Скопје–Тетово–Гостивар. Нивната вкупна должина изнесува 277 километри.

Со паралелното спроведување на овие активности, Министерството за енергетика и НОМАГАС работат на повеќе сегменти од гасниот систем. Целта е создавање услови за поголема регионална поврзаност, подобра искористеност на инфраструктурата и посигурно снабдување со природен гас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK