(Видео) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си


tramp-2018-brussels-belgium-press-conference-depositphotos_238126632_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа предизборните собири во Канзас и Ајова, кои беа планирани за овој викенд, пред конгресните избори на 3 ноември. Наместо настапи во живо, тој ќе одржи серија предизборни собири преку телефон – одлука што покрена прашања за неговата здравствена состојба и евентуален замор по интензивната кампања, пренесува „Мирор“.


Вчера, по враќањето од предизборен собир во Јужна Каролина, Трамп остро реагираше кон новинар на „Ројтерс“, кој праша дали го откажал патувањето во Канзас бидејќи е уморен од патувања. Новинарот, Џејкоб Богејџ, претходно праша како се чувствува по толку многу патувања и се интересираше за неговото здравје. Трамп одговори дека се чувствува многу добро и изрази уверување дека републиканците ќе остварат добар резултат на изборите.

Новинарот потоа праша дали откажувањето на собирот во Канзас има некаква врска со тоа што тој е уморен од патувања. Трамп веднаш возврати: „Болен си штом поставуваш такво прашање. Болен си“, рече тој, а потоа го праша новинарот за кој медиум работи. „Погледнете го овој човек. Воопшто не е во форма“, забележа Трамп, пред да објасни зошто нема да патува во Канзас.

„Не одам во Канзас бидејќи таму им оди многу добро. Ќе одржам телефонски собир. Утре одам на Флорида. По 28 собири, тој ме прашува која е причината. Знаете ли која е причината? Мислам дека нема потреба да одам во Канзас“, рече Трамп, осврнувајќи се на републиканскиот сенатор Роџер Маршал.

На крајот, тој повторно му се обрати на новинарот од „Ројтерс“. „Ме следиш веќе две недели. Се чувствувам совршено. Одвратен си – доведи се во форма, изгледаш ужасно“, му рече Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK