Педесетгодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од малолетник додека била на своето работно место во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје.
„На 28.10.2026 во СВР Скопје, Б.Ш.(50) од Скопје, вработена во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, пријавила дека, додека била на своето работно место, била физички нападната малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.