Ким ги собра своите сестри за нова кампања за нејзиниот бренд „Skims“; додека некои позираа во долна облека и провокативни комбинации, други се одлучија за удобни парчиња, инспирирани од облеката за дома.
Ѕвездата од реалните шоуа, Ким Кардашијан, ги собра сите четири свои сестри за нова празнична кампања за нејзиниот бренд „Skims“, инспирирана од божиќната атмосфера од средината на 20-тиот век. Во дом украсен со накитени елки, подароци и гирланди, сестрите позираа во модели од празничната колекција.
Kylie and Kendall Jenner strip down to lingerie while posing next to Santa Claus for sister Kim Kardashian’s steamy SKIMS holiday campaign https://t.co/STtzJxLYzS
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 28, 2026
Ким го заокружи својот заводлив изглед со фустан со длабоко деколте и мотиви од ирваси, додека Кајли Џенер искомбинира плетен градник со зимски дезен и микро-здолниште. Кендал позираше во кариран градник и танга, надополнети со проѕирни чорапи и волуменозна фризура.
Од друга страна, Клои Кардашијан избра удобна пижама од еден дел со капа во ист стил, додека Кортни позираше покрај каминот во хеланки и светлоцрвени чевли со високи потпетици.
View this post on Instagram
Фотографиите се дело на Надја Ли Коен, која во празничната кампања внесе нота на носталгија, истовремено задржувајќи ја препознатливата естетика на „Skims“. На тој начин, сестрите споија божиќни мотиви, гламур и провокативни модни избори.
Не изостанаа ниту коментарите на социјалните мрежи. Додека многумина беа воодушевени од изгледот на славните сестри, други сметаа дека можеби е малку прерано за атмосфера и колекција со празнична тематика.