Новите фотографии од актерката Џенифер Лоренс предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи. Нејзиното „ново лице“ стана главна тема на дискусија на платформата Икс.
Џенифер Лоренс неодамна позираше за списанието The Cut, а модниот едиторијал привлече големо внимание во јавноста. За пошироката јавност, Џенифер долго време беше симбол на природна убавина – една од ретките што одбиваше да „легне под нож“.
Актерката во неколку наврати нагласи дека нема намера да се подложува на поголеми естетски зафати, освен на мали дози ботокс. Таа спомна дека често размислува за отстранување на масното ткиво од образите – процедура позната како „отстранување на букални масти“ – но дека нема доволно храброст навистина да го направи тоа.
View this post on Instagram
„Навистина сакам да ги отстранам мастите од образите, но не можам, бидејќи сите веднаш би дознале. Само знајте дека тоа е нешто што го сакам“, им кажа Лоренс на своите обожаватели.
Сепак, судејќи според овие најнови фотографии, се чини дека таа можеби го прекршила своето ветување. Нејзините истакнати јаболчници и забележливо потесното лице беа прилично впечатливи на сликите, а оваа трансформација им падна во очи на многу корисници на Икс. Тие веднаш реагираа – иако нивните реакции беа далеку од позитивни.
„Што си направила од себе?“ „Ова не е Џенифер Лоренс што ја познавам.“ „Таа беше една од ретките актерки на кои не им требаше никаква промена. Холивуд ги уништи жените.“ Ова беа само дел од коментарите оставени на Икс.