Апасиев на средба со Зјуганов: Левица и КПРФ договорија продлабочување на соработката


apasiev-rusija-3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Во деновите кога ја славиме Октомвриската револуција – претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, потпретседателот на Партијата м-р Реџеп Исмаил – Хактан и членот на Президиумот м-р Александар Симонов, денес во Москва, во Државната дума на Руската Федерација, остварија официјална средба на највисоко политичко ниво со д-р Генадиј Зјуганов, долгогодишен претседател на опозициската Комунистичка партија на Руската Федерација (КПРФ)“, извести партијата Левица.


„Во фокусот на разговорите со нашата сестринска партија беа перспективите за продлабочување на меѓупартиската соработка со посебен акцент на политичката едукација и идеолошкото усовршување на младите партиски кадри. Беше разгледана можноста за воспоставување организирани антифашистички форми на образовна соработка, преку политички школи, програми и размена на искуства, насочени кон развивање на теоретските знаења, организациските капацитети и политичката подготвеност на новите генерации левичарски кадри.

За Левица, воспоставувањето и продлабочувањето на меѓународните политички релации претставува составен дел од нејзината определба за надминување на дипломатската инертност и надворешно-политичката подреденост што со децении ја карактеризираат нашата политичка сцена.

Македонските национални и државни интереси во новиот мултиполарен свет бараат суверена политичка мисла, дипломатска самостојност и способност за градење односи надвор од тесните рамки на наметнатите геополитички поделби.

На средбата договоривме продлабочување на соработката меѓу двете партии и интензивирање на меѓусебните контакти и искрениот меѓупартиски дијалог.

Левица продолжува да го проширува својот интернационален политички хоризонт преку непосредна комуникација со релевантни меѓународни политички чинители, градејќи препознатливост и сериозен политички кредибилитет“, соопшти партијата Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK