Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања од мировниот договор, изјави денес шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха.
Тој го изјави ова на прес-конференција во Хелсинки, заедно со своите колеги, Елина Валтонен од Финска и Еспен Барт Ајде од Норвешка, објави Укринформ.
На прашањето што очекува од претстојниот трилатерален состанок на преговарачките тимови, Сибиха изјави дека „сите преговори служат за создавање нов замаец“, додавајќи дека тимовите ќе се фокусираат на безбедносните прашања.
Претстојниот трилатерален состанок на преговарачките тимови на Украина, САД и Русија е планиран за првата половина на ноември во Абу Даби, со фокус на безбедносните и хуманитарните прашања како што се делумно прекин на огнот и безбедноста на Црното Море.
Украина ја поздравува иницијативата за прекин на огнот во градот Олешкa
Резултатите од хуманитарната операција во градот Олешка би можеле да претставуваат чекор кон подобрување на мировниот процес и градење доверба, а Украина ја поздравува оваа иницијатива насочена кон спасување човечки животи, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
„Ако ги видиме резултатите во градот Олешка, тоа би можело да го отвори патот за понатамошни чекори во мировниот процес, како мерка за градење доверба“, изјави Сибиха за време на заедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Финска и Норвешка, Елина Валтонен и Еспен Барт Ајде во Хелсинки, пренесува Укринформ.