Новата калистеника-зона во Долно Лисиче веќе е поставена, а градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид на локацијата кај спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“ во Ново Лисиче, каде што се поставуваат нови, современи справи за вежбање на отворено.
Покрај новите локации, Аеродром веќе го има и својот прв, најсовремен парк за калистеника, покрај булеварот „Србија“ во населбата Јане Сандански. Со вакви справи е збогатено и игралиштето „Патрик“, зад „Три бисери“, а во наредниот период нова калистеника-зона ќе биде поставена и во населбата Острово, извести Општината Аеродром.
„Со проширувањето на спортските содржини низ општината, создаваме повеќе можности за бесплатна рекреација, физичка активност и здрави животни навики за сите генерации.
Продолжуваме да вложуваме во уредени и достапни спортски содржини, со цел секое маало во Општина Аеродром да понуди повеќе можности за спорт, рекреација и активен живот“, соопштија од Општина Аеродром.