Скопјанка измамена за 117.000 денари, маж лажно се претставил како вработен во Катастар


denari-Depositphotos_340403824_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесет и четиригодишна скопјанка пријавила во полиција дека две лица ја измамиле за 117.000 денари, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогнат на нејзиното семејство да откупи и приватизира земјиште во државна сопственост.


Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера, 22 октомври, во 14 часот во СВР Скопје.

Жената пријавила дека на 21 септември се сретнала со две лица, од кои едното се претставило како вработено во Катастар. Тие ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат во постапката за откуп на земјиштето што го користело нејзиното семејство.

Верувајќи им, таа во неколку наврати исплатила вкупно 117.000 денари. Подоцна се обратила во Катастар за да се информира за предметот, но оттаму ѝ кажале дека лицето повеќе од две години не е вработено кај нив.

Тогаш сфатила дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK