(Видео) Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон


screenshot-2026-10-22-211401.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Денот го завршуваме со една убава вест” – напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт.


„Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај.

Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час.

Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,”- објави Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK