Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц


dsc09987_25.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нина Талеска од танцовото студио „BREAK A LEG“ го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп во Келце, Полска, постигнувајќи историски успех за македонскиот танц.


Во конкуренција на најдобрите млади танчери од светот, Нина освои сребрен медал во категоријата Хип-хоп соло Мини кидс, остварувајќи го најголемиот успех за Македонија во оваа категорија досега.

„Овој успех е резултат на огромна посветеност, дисциплина и напорна работа. Горда сум на Нина и верувам дека ова е само почеток на нејзините големи успеси“, истакна нејзиниот тренер и кореограф Андријана Петковски.

Светското првенство, кое се одржува од 17 до 24 октомври, обединува околу 4.000 танчери од 34 земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK