(Видео) Сопственик на златара од Тетово се обидел да го криумчари накит во перница за врат: откриен при контрола на Богородица


nakit-pernica-vrat.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири милиони денари вреден златен накит, што тетовец, сопственик на златара, се обидел да го криумчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица. Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик, извести Царинската управа.


„Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама.

Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан“, се додава во соопштението на Царинската управа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK