Рубио ги отфрли тврдењата на Зеленски: САД не ја прекинале размената на разузнавачки информации


Depositphotos_754202506_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Марко Рубио  ги отфрли тврдењата дека Вашингтон престанал да му доставува разузнавачки информации на Киев за руските напади.


Нема никаков прекин во размената на разузнавачки информации, изјави шефот на американската дипломатија пред новинарите во Узбекистан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги критикуваше сојузниците бидејќи не обезбедиле навремени предупредувања за руските напади со балистички ракети во текот на ноќта.

Иако Рубио изјави дека не може да ги коментира најновите напади, тој го отфрли тврдењето на Зеленски дека раните предупредувања за лансирање руски ракети биле прекинати од минатата недела, пишува германската агенција ДПА.

„Не знам од каде му се тие работи, ниту зошто го кажува тоа пред медиумите“, изјави Рубио.

„Она на што тој треба да се фокусира, и на што ние сакаме да се фокусираме, е ставањето крај на оваа војна.“

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK