– По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс, најпознатиот и најпродаваниот производ на Витаминка, добива редизајнирано пакување, освежено во духот на современото време. Промената го задржува она што со децении е дел од неговата препознатливост, а оригиналниот вкус што го познаваат генерации потрошувачи останува непроменет.
Во основата на редизајнот е идејата да се зачуваат корените и наследството на Стоби Флипс, а тие истовремено да добијат современ израз. Минатото и иднината се надоврзуваат едно на друго, она што со децении го прави производот препознатлив останува цврста основа, додека новиот изглед внесува свежина и го доближува Стоби Флипс до новите генерации.
Од оваа идеја произлегуваат и промените во дизајнот. Задржани се препознатливите елементи, меѓу кои и црвената боја, но тие се претставени на посвеж и посовремен начин. Освежено е и логото, а поголем акцент е ставен на главните карактеристики на производот – печени кикиритки, сончогледово масло и подготовка без пржење.
Врската со минатото му дава дополнително значење на новиот изглед. Стоби Флипс е дел од спомените и секојдневието на повеќе генерации, а редизајнот има цел да го зачува тоа чувство на блискост, без производот да остане визуелно врзан за едно време. Препознатливото крцкање и вкусот што многумина го поврзуваат со детството остануваат исти, додека изгледот се освежува во согласност со денешните трендови.
Промената ќе биде проследена со кампањата „Новиот изглед си крцка!“, која на едноставен начин ја пренесува суштината на редизајнот, нов изглед, истиот добро познат вкус.
Редизајнираното пакување постепено ќе биде достапно во продажната мрежа низ земјата.