По повод Светскиот ден на храната, кој се одбележува на 16 октомври, Виталиа ја истакнува важноста на едукацијата, иновациите и заедничката одговорност во создавањето поздрави навики и подобра иднина за сите.
Храната е многу повеќе од основна животна потреба. Таа е темел на здравјето, правилниот раст и развој и квалитетот на живот. Сепак, пристапот до квалитетна и нутритивно вредна храна сè уште не е реалност за сите. Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO), дури 2,69 милијарди луѓе во светот не можат да си дозволат здрава исхрана.
Токму затоа, Светскиот ден на храната претставува повик за заедничко дејствување.
Овогодинешното мото „Innovate today. Nourish tomorrow“ („Иновирај денес. Негувај ја иднината.“) ја нагласува моќта на иновациите да создадат поодржлив, поотпорен и подостапен прехранбен систем. Но иновацијата не се однесува само на нови технологии и производи. Таа подразбира и нови начини на размислување, пренесување знаење и создавање позитивни промени во секојдневието.
Здравите навики се градат од најмала возраст
Односот кон храната започнува да се обликува уште во детството. Запознавањето со различни вкусови, состојки и начини на подготовка може да има значајна улога во создавањето позитивни прехранбени навики.
Водена од уверувањето дека едукацијата е еден од најважните чекори кон поздраво општество, Виталиа го одбележа Светскиот ден на храната со интерактивна работилница во детската градинка Cool Kids, во рамки на својот долгогодишен едукативен проект „5ка за здрава храна“, кој се реализира повеќе од една деценија.
Преку игра, разговор и заедничка подготовка на вкусни енергетски бомбици со производи на Виталиа, најмладите имаа можност да се запознаат со различни состојки и да откријат дека подготовката на храната може да биде истовремено забавна, креативна и едукативна активност. Како мало изненадување на крајот од работилницата, дечињата добија и Elements чипс од Виталиа.
Целта на ваквите активности е да ја поттикнат детската љубопитност, самостојноста и интересот за разновидна исхрана, претворајќи го учењето за храната во позитивно искуство кое може да остави трајни навики.

Иновациите во служба на современата исхрана
Додека едукацијата ги обликува идните генерации, иновациите создаваат нови можности за подобар избор на храна денес.
Повеќе од три децении, Виталиа го развива своето портфолио следејќи ги нутритивните трендови и современите потреби на потрошувачите, со цел да ги поврзе вкусот, квалитетот, нутритивната вредност и практичноста.
Како одговор на зголемениот интерес за протеинска и функционална храна, компанијата континуирано ја проширува својата понуда со иновации во протеински производи, пробиотски, без додаден шеќер. Истовремено, со Elements Air-Popped чипсовите, произведени со технологија на екструзија со топол воздух наместо класично пржење, Виталиа воведува поинаков пристап и во категоријата солени грицки.
За Виталиа, иновацијата е еден од начините да се одговори на реалните потреби на потрошувачите и континуирано да се унапредува понудата.
Малите избори создаваат големи промени
Создавањето подобра иднина преку храната бара заедничка одговорност – од прехранбената индустрија, која вложува во квалитет, развој и одржливи практики, до секој поединец кој преку своите секојдневни избори може да придонесе кон позитивни промени.
Со континуирани иновации и едукативни активности насочени кон најмладите, Виталиа продолжува да ја следи својата мисија – да ја доближи квалитетната и нутритивно вредна храна до потрошувачите и да поттикнува позитивни навики кај сите генерации.
Бидејќи подобрата иднина не се создава само со големи иновации, туку и со знаењето што го споделуваме, примерот што го даваме и малите навики што ги градиме денес.