Малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, а нападот бил снимен со мобилен телефон и објавен на социјална мрежа.
Случајот бил пријавен вчера, а нападот се случил на 9 октомври, во доцните вечерни часови. Според пријавата, малолетникот бил нападнат од неколку врсници, од кои еден му бил познат, додека друг малолетник го снимил инцидентот со мобилен телефон и ја објавил снимката на социјална мрежа.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.