Три дена батерија и телефон што не мора да го чувате „под стаклено ѕвоно“? Запознајте го REDMI Note 17 Pro Max 5G


redmi_Q16U_offline communication
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред да излеземе од дома, сите го проверуваме следново: Клучеви? Тука. Паричник? Тука. Телефон? Тука. А батеријата на телефонот? Токму последнава грижа REDMI Note 17 Pro Max 5G сака да ја направи многу ретка, речиси непостоечка.

Новиот модел REDMI Note 17 Pro Max 5G доаѓа со батерија од дури 9.210 mAh, автономија до три дена и 100W HyperCharge брзо полнење, и сето тоа во облик на телефон кој и понатаму изгледа како модерен и тренди lifestyle уред, а не како масивен power bank со екран.


За деновите кога „само уште ова“ трае до доцна вечер

Утрински состанок, навигација низ градот, пораки, фотографии, видеоповик, одговарање на маилови, кафе, уште една обврска, вечера после работа…Телефонот денес е вклучен во речиси секој дел од денот. Затоа големата батерија кај REDMI Note 17 Pro Max 5G не е само впечатлива информација. Производителот Xiaomi наведува автономија до три дена со едно полнење, зависно од начинот на користење.

Кога ќе дојде време да се наполни, 100W HyperCharge значително го намалува времето на полнач. А ако на пријател му се испразни телефонот или друг компатибилен уред остане без енергија, тука е и 27W реверзибилното полнење. Да, во тој момент вашиот телефон може да биде и power bank.

Убав е. Но не е создаден само за на маса и за фотки

Телефонот е еден од ретките предмети што ги носиме буквално насекаде.

Токму затоа има голема разлика меѓу нешто што изгледа убаво и нешто што изгледа убаво, а притоа е создадено за секојдневен живот.

REDMI Note 17 Pro Max 5G има IP66/IP68 отпорност на прашина и вода, Gorilla Glass Victus 2 и конструкција развиена за поголема отпорност при секојдневно користење.

Дожд? Истурена чаша вода врз телефонот? Мокри раце? Wet Touch Technology 2.0 му помага на екранот да продолжи прецизно да реагира и во такви ситуации.

Cloud Blush: боја што не изгледа исто цел ден

А потоа доаѓа забавниот дел. Верзијата Cloud Blush има фотохроматска завршница што реагира на сончева светлина. Во затворен простор е светла и нежна, а на сонце преминува кон потопли розово-портокалови тонови. Практична функција? Не баш. Детаљ што ќе ве натера да го свртите телефонот уште еднаш кога ќе излезете на сонце? Апсолутно. И понекогаш токму таквите детали прават технологијата да биде малку повеќе лична.

Екран за скролање, серија, работа – и сè останато

Со 6,83-инчен 1.5K AMOLED дисплеј и освежување до 120Hz, Pro Max е дефинитивно телефон за луѓе што сакаат голем екран. Максималната осветленост достигнува до 3.500 нити, што особено доаѓа до израз кога телефонот се користи надвор.

Snapdragon® 6 Gen 5 се грижи за секојдневното искуство, додека 50MP главната камера со OIS е наменета за моментите што не сакате само да ги видите, туку и да ги зачувате. Предната камера од 32MP и 4K снимањето дополнително имаат смисла за оние што редовно создаваат содржини директно од телефон.

Батеријата е создадена со фокус на долг работен век и според Xiaomi може да задржи најмалку 80% од капацитетот по околу 1.600 циклуси на полнење – што компанијата го поврзува со повеќегодишна употреба. Тоа е интересен пресврт во категорија каде што премногу често зборуваме само за тоа што телефонот може да направи кога е сосема нов. REDMI Note 17 Pro Max 5G сака да биде интересен и долго потоа.

До 31 октомври имате уште еден аргумент

Со купување на REDMI Note 17 Pro Max во рамки на актуелната промотивна понуда и по извршена регистрација на купувањето, можете да изберете како подарок еден од следниве три уреди на Xiaomi: греалка Mi Smart Space Heater S EU, прочистувач на воздух Xiaomi Smart Air Purifier 4 Compact EU или правосмукалка-стик Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU. Промоцијата трае до 31 октомври или до истрошување на залихите.

Понудата трае до крај на октомври, односно до исцрпување на залихите.

А кога телефон со три дена автономија доаѓа и со подарок за дома, полначот можеби навистина не е единствената грижа која ќе ја решите на долги стази.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK