Семејството Ал Тани од Катар ја разгледува можноста за купување на малцински удел во Интер, додека американскиот инвестициски фонд „Оуктри“ засега не планира да се откаже од контролата врз италијанскиот клуб.
Според италијанскиот весник „Ил Месаџоро“, постои интерес, но конкретните преговори сè уште не се започнати.
„Оуктри“ беше преземен од Интер во мај 2024 година, откако семејството Жанг не успеа да го врати кредитот што го доби од американски фонд.
Евентуалната продажба на дел од акциите нема да ја промени контролната структура на клубот, но ќе му овозможи на „Оуктри“ да поврати дел од инвестираните пари и попрецизно да ја одреди пазарната вредност на Интер.
Клубот од Милано го заврши својот последен финансиски извештај со приходи од 517,7 милиони евра и нето добивка од 22,7 милиони евра, додека капиталот повторно влезе во позитивната зона.
Врз проценката на клубот може да влијае и планираниот проект за изградба на нов стадион.
Во последните години, Интер дополнително ги разви комерцијалните врски со Катар, вклучително и спонзорска соработка, што би можело да го олесни влезот на нов инвеститор.
Семејството Ал Тани е моментален сопственик на Пари Сен Жермен.
Foto/ Depositphotos