(Видео) Чудото од дете на Милан – На 19-годишна возраст влезе во историјата на италијанскиот фудбал


14366076.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Алфаџо Сисе блесна во дресот на Милан, постигна хет-трик против Салцбург во Лигата на Европа и влезе во историјата на италијанскиот фудбал на само 19 години.


Младиот напаѓач беше апсолутен херој на победата на „росонерите“, а за само 50 минути постигна три гола и го оствари првиот хет-трик во својата професионална кариера.

Сепак, неговиот подвиг има и историска димензија.

Со 19 години и 358 дена, Сисе стана најмладиот Италијанец кој постигнал три гола на еден натпревар во големо европско натпреварување.

Последниот хет-трик од играч на Милан во европските натпреварувања, датира од 2002 година, кога Филипо Инзаги ја погодил мрежата три пати против Депортиво Ла Коруња во Лигата на шампионите.

Сисе на тој начин прекина долга низа чекања и покажа дека може да биде едно од најинтересните имиња на новата генерација на италијанскиот фудбал.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK