Најмалку две лица се пренесени во болница по пукањето што се случи во четвртокот во едно основно училиште во градот Бенд, Орегон.
Осомничениот напаѓач е мртов, соопштија властите. „Во овој момент не знаеме колку луѓе се погодени. Знаеме дека меѓу жртвите има и деца“, изјави Шила Милер, портпарол на полициската управа во Бенд.
Police say the suspect is dead after a shooting at Silver Rail Elementary School in Bend, Oregon. At least two people, including children, have been hospitalized. Students are being evacuated, and families are being directed to Journey Church for reunification. Authorities urge the public to avoid the area as the investigation continues. https://t.co/QRoc90WZJt
— Citizen (@CitizenApp) October 15, 2026
Милер додаде дека властите добиле пријава во 12:59 часот по локално време за пукање во кое било вклучено возило пред основното училиште „Силвер Рејл“. Полициските службеници пристигнале на местото на настанот за неколку минути. Осомничениот бил застрелан набргу потоа; сепак, Милер не можеше да потврди дали тој бил застрелан од полицијата или од некој случаен минувач, пренесува „Асошиејтед прес“.
„Ова е ужасно“
Состојбата на повредените сè уште не е позната. „Во моментов одиме од соба во соба и ги евакуираме сите што се наоѓаат во училиштето. Ова е нешто што никогаш не би сакале да го видиме во Бенд. Ова е ужасно“, рече Милер, застанувајќи за момент за да се прибере.
Голем број родители и загрижени жители се собраа пред училиштето, очекувајќи нови информации за ситуацијата. На местото на настанот пристигнаа бројни екипи на итните служби, вклучувајќи полициски возила, возила на брза помош и противпожарни возила.
Според податоците на Одделот за образование на Орегон, во училиштето во Бенд – град кој се наоѓа на повеќе од 160 километри југоисточно од Портланд – минатата година биле запишани 459 ученици.