(Видео) Јувентус по пресврт и со гол во 92-та минута ја победи Селта во Виго


14367062.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Јувентус ја победија Селта со 1:2 (1:0) како гости во второто коло од Лигата на Европа.


Натпреварот го одбележа капитенот на Селта, Маркос Алонсо. Неговите две гршки резултираа со два гола на италијанскиот клуб.

По израмнетиот почеток, Селта поведе во 18-та минута.

Акцијата започна од одбраната на шпанскиот клуб – играчите на Јувентус извршија притисок во желбата да стигнат до топката, а Уго Алварез ја започна акцијата и го постигна голот со помош на играчот од средниот ред Вилиот Сведберг.

Јуве беше подобариот тим по примениот гол, а италијанскиот клуб беше особено доминантен во вториот дел. Тимот на Лучијано Спалети стигна до израмнување благодарение на голема грешка на нивните ривали.

Капитенот на Селта, Маркос Алонсо, се обиде со гради да прими една долгга топка, но одби точно пред напаѓачот на гостите, Ник Волтемаде, кој го искористи подарокот и ја затресе мрежата за 1:1.

Јувентус продолжи да напаѓа, но не успеа да создаде сериозна шанса, со исклучок на опасниот удар на Нико Гонзалес.

Селта успешно се бранеше до втората минута од судиското продолжение, кога Алонсо уште еднаш згреши. Необјасниво дозволи неговиот играч Коло Муани да остане зад него.

Францускиот напаѓач го искористи тоа и постигна гол со глава по центаршутот на Андреа Камбијасо.

Резултати:

Бенфика – Селтик 4:1
Борнмут – Штурм 3:0
Селта – Јувентус 1:2
Ференцварош – Викторија Пилзен 2:1
Динамо – Андерлехт 1:0
Јагелонија – Арарат 3:1
НЕК Најмехен – Левски 1:1
Марсеј – Олимпијакос 0:1
Рен – ОФИ 2:1
Хофенхајм – Бешикташ 2:3

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK