Медведев предупредува: Москва гледа обиди на Западот да се меша во изборните процеси во Србија


Depositphotos_55057831_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Москва ги гледа обидите на Западот да се меша во изборниот процес во Србија и да ја дестабилизира ситуацијата со употреба на деструктивни сили, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на партијата Единствена Русија Дмитриј Медведев, пренесува „Новости„.


„Внимателно го следиме текот на предизборната кампања во Србија. Им посакуваме успех на нашите партнери. За жал, забележуваме и обиди на Западот да се меша во изборните процеси во рамките на вонредните парламентарни избори и да ја дестабилизира ситуацијата со употреба на радикални, деструктивни сили“, напиша Медведев на платформата Макс.

Медведев истакна дека за Русија, Србија е земја со која односите се развиваат врз основа на традиции на братство, доверба и меѓусебна помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK