Винисиус Жуниор се огласи откако Дисциплинската комисија му изрече суспензија од четири натпревари. Бразилскиот фудбалер за прв пат ја коментираше за одлуката, за која дозна непосредно пред натпреварот со Рома во Лигата на шампионите.
„Мислам дека казната беше објавена во погрешен момент. Имаа цел ден да ја објават, а јас дознав за тоа дури кога пристигнав на стадионот. Тоа е ново правило. Луѓето од Ла Лига секогаш доаѓаат да ни ја објаснат веста, но никој не ни го објасни ова конкретно правило. Никогаш не сум бил насилен кон мојот противник. Постојано ме фаулираат, а на крајот јас добивам картони“, рече Бразилецот.
Тој зборуваше за третманот што го добива од судиите и противничките навивачи.
„Разбирам дека противничките навивачи ми свиркаат, моја работа е да постигнувам голови за нивните клубови. Но, не ги разбирам судиите. Ги видов податоците дека против мене се направени 500 прекршоци, за кои беа покажани само пет црвени картони. Не знам колку жолти картони, но Вини секогаш добива жолти картони. Тоа не ми е јасно. Мораме да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот, како Ламин во Барселона или Хулијан во Атлетико.“
Винисиус зборуваше и за сопствената форма и беше исклучително самокритичен. Против Рома, не покажа ништо, беше заменет во 59-та минута.
„Нормално е што бев лут по замената, секогаш сакам да бидам на највисоко ниво и да му помогнам на тимот. Замените го променија ритамот на играта. Ендрик донесе нова енергија и беше најдобар, а потоа Карлос (Еспи) влезе на неколку минути и веднаш постигна гол. Лут сум на себе затоа што не сум во најдобра форма. Но, Вини секогаш се враќа. Не се сомневам дека повторно ќе бидам оној стариот.“
Foto/ Depositphotos