Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со четири натпревари забрана за играње поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал.
Бразилецот доби директен црвен картон затоа што го повлече противничкиот играч Салиба за коса, а казната му беше удвоена поради неговите жестоки приговори кон судијата по исклучувањето, а потоа и поради вербалните напади кон делегатот на натпреварот.
Одлуката на дисциплинската комисија значи дека Винисиус ќе пропушти четири лигашки натпревари: против Севиља, Барселона на Камп Ноу, Расинг во Сантандер и Валенсија.
Тој нема да игра во Ла Лига повеќе од еден месец, до натпреварот од 13-то коло против Селта на крајот на ноември, по следната репрезентативна пауза. Дотогаш, тој ќе може да игра само во Лигата на шампионите.
Во Реал Мадрид веруваат дека казната е прекумерна и ја гледаат како одраз на ситуацијата во судиската организација и дисциплинските тела. Иако клубот бил свесен дека суспензијата е неизбежна, се надевале на полесна казна од два или три натпревари.
Нивната жалба се темелела на надежта дека описот на однесувањето во извештајот, во кој не се споменуваат директни навреди, ќе биде толкуван поблаго. Дисциплинската комисија не ги прифатила нивните аргументи.
Foto/ Depositphotos