Во Бугарија, во објект во близина на Софија, намерно биле запалени единаесет од вкупно 17 антени на сателитската мрежа „Старлинк“ (Starlink). Информацијата ја соопшти бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев, кој изјави дека нападот го извршиле две маскирани лица. Точниот датум на инцидентот не е јавно објавен, но настанот беше потврден за време на денешната парламентарна седница од бугарскиот премиер Румен Радев, пренесува украинскиот медиум „Хромандске“ (Hromadske).
Антените се наоѓале до станицата за сателитски комуникации „Плана“, јужно од Софија. Оваа локација се користи и за комуникации на украинската војска. Пратеникот Мирчев, член на партијата „Да, Бугарија“, упати критики до Министерството за внатрешни работи и до безбедносните служби бидејќи не ја информирале јавноста за нападот.
„Министерството за внатрешни работи не го пријави инцидентот, а ниту медиумите – како воопшто да не се случил“, напиша Мирчев, а пренесе бугарскиот медиум „Новините“. Тој потврди дека поднел пратенички прашања во врска со тоа дали безбедносните служби добиле предупредувања за можен напад и какви мерки презеле.