Овој дизајн никој не го предвиде – хит на сезоната во светот на ноктите и стилот


688z387_untitled-1-6acf3a2544a53.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маникирот, поточно, грижата и изгледот на ноктите одамна ги надминаа обичните стандарди. Во свет каде што трендовите се менуваат речиси преку ноќ, есенската сезона носи неочекуван естетски пресврт. Станува збор за таканаречениот „бамби маникир“ кој е инспириран од дезени на елени.


Платформи како што се „Tик-ток“, Инстаграм и Пинтерест традиционално ги диктираат трендовите во светот на убавината. По години доминација на дезен од леопарди и зебри, светот на модата сега очигледно стана желен за некои поприродни тонови и дезени. Така се роди „бамби маникир“. Неговата популарност се прошири од водечките светски козметички центри преку влијателните профили на козметичари и стилисти.

Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an

Ein Beitrag geteilt von Mêli Beauty Lounge (@melibeauty.lounge)

Основата на овој маникир е топла, кремаста и длабока палета на бои. Инспирацијата се тоновите на топло кафе, карамела, лешник и чоколадо, а самата техника е доста едноставна, но бара прецизност и чувство на асиметрија.

Откако ќе се обликува ноктот, се нанесува основниот слој. Врз него се нанесува еден до два слоја топла основа во карамел, беж или светло кафеава нијанса. Кога основата ќе се исуши, се нанесуваат мали, неправилни точки со помош на специјална алатка за точки. Се користат млечно бела, кремаста или нежни беж бои. Клучот е во тоа што точките не се униформни како класичните „пајаци“ или туф, туку органски, расфрлани во гроздови и со различни големини. По комбинирањето на нијансите, целиот нокт се премачкува со заштитна, високосјајна завршница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK