Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, не ја криеше својата фрустрација откако Михаел Олисе беше исклучен против Викинг, оставајќи го тимот во многу тешка ситуација.
Викинг го шокира Баерн во првите 30 минути со два гола. Баварците сепак успеаја да направат пресврт, имаа целосна контрола врз натпреварот, се до 73-та минута кога Олисе доби црвен карот.
Олисе доби два жолти картони за десет секунди. Жолт картон доби поради прекршок, а потоа уште еден откако в лице му ја фрли топката на противнички играч.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 14, 2026
Бројната предност ја искористи норвешкиот тим, кој се врати во натпреварот и на крајот победи нерешено со резултат 3:3 во натпреварот од Лигата на шампионите.
Исклучувањето на Олисе беше клучниот момент, наместо победа, Баерн мораше да се задоволи со бод по драматичната завршница.
„Најчесто кога играме на гостински терен, тоа е натпревар на сезоната за повеќето тимови. Навикнати сме на тоа. Не сум задоволен од тоа како реагиравме. Не сакам ништо да му одземам на Викинг кој ги користеше алатките што ги има. Навикнати сме на тоа и во такви моменти не можеме да добиеме ваков црвен картон. Тоа е сосема непотребно“, рече Компани по натпреварот.
Foto/ Depositphotos