Решавање на проблемот со кучињата скитници, изградбата на паркинг-простор: Стаменкоска-Трајкоска на работна средба со жителите на Пржино


2-20.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на циклусот теренски посети на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска заедно со раководителите на секторите од општинската администрација, вечерва оствари работна средба со жителите на месната заедница Пржино.


На средбата беше направен пресек на досегашните инфраструктурни зафати и реализирани активности во овој дел од општината. Присутните ги поздравија проектите кои веќе се завршени, меѓу кои асфалтирањето на дел од улиците во Пржино во изминатиот период, како и континуираното и редовно одржување на јавната хигиена во населбата.

По освртот на сработеното, фокусот на дискусијата се насочи кон мапирање на новите приоритети и секојдневните предизвици на населението. Жителите на Пржино посочија повеќе конкретни потреби во делот на сообраќајот и комуналното уредување. Беше побарана интервенција до МВР за регулирање на паркирањето на возилата на улицата „Милан Мијалковиќ“, како и поставување на легнати препреки на истата. Дополнително, граѓаните ја истакнаа потребата од решавање на проблемот со фекалната канализација на кракот од улицата „Мариовска 22“, како и интервенција до ЈП „Водовод и канализација“ поради слабиот притисок на вода на „Мариовска 5“.

На средбата беше побарано и отстранување на нелегално поставените столпчиња на тротоарот на улицата „Караџица“, поврзување на улиците „Полог“ и „Банско“, како и изградба на потпорен ѕид кај спортскиот комплекс „Славија“ помеѓу улиците „Полог“ и „Кочанска“. Меѓу клучните теми беа и решавањето на проблемот со кучињата скитници, барањето за спроведување на еднонасочен сообраќај низ населбата, изградбата на паркинг-простор спроти складиштето „Треска“, како и изградба на нов, современ објект за месната заедница.

„Стручните служби на Општина Кисела Вода ги забележаа сите изложени барања и сугестии со цел нивно вметнување во програмите за работа и навремено решавање. Овој циклус на интензивни теренски посети продолжува и понатаму, со цел да бидат опфатени сите месни и урбани заедници во општината“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK