Комедијата која ги полни салите низ Хрватска, „Не се врткај наоколу гола“, доаѓа во Битола


dmk00755.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура на 16.10 со почеток од 19.00 ќе биде изведена претставата „Не се врткај наоколу гола“, на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.


Гостувањето на овој театар е во организација на Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола, во соработка со Општина Битола и Центарот за култура.

Претставата е базирана по текстот на еден од најголемите француски комичари, Жорж Фејдо, напишан пред 100 години.

Програмата на Хрватскиот културен центар е направена да ја поттикне меѓународната јавност да се запознае со хрватското културно наследство, хрватскиот јазичен идентитет. Културните посети и соработки траат повеќе од 30 години, од кои дел беа бројни изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, се со цел да се претстави и запознае македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција.

Во претставата играат: Фабијан Тадиќ, Петра Ковачевиќ, Славко Радовановиќ, Петар Опачак, Антониот Јуричиќ. Костимографијата е на Тајана Балаж Јуришиќ, сценографијата на Златко Орешковиќ и Саша Кариќ.

Претставата од својата премиера минатата година ги полни салите низ театарите и културните центри во Хрватска каде и да гостува. Иако текстот е стар повеќе од еден век, режисерот Силвио Стилиновиќ и младата екипа го сместија дејството во денешна Хрватска. Тие на најдобар можен начин покажаа дека дури ни вековите не ја промениле самата суштина на човечкиот карактер, во сите негови доблести и недостатоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK