(Видео) Димитар Андоновски со нова песна: „Губам Контрола“ носи летна енергија овој октомври


dimitar-andonovski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По подолга пауза од активни настапи, Димитар Андоновски повторно е таму каде што припаѓа – пред микрофонот и пред публиката. Од денес во етерот е неговата нова песна „Губам контрола“, заедно со официјален спот кој носи светлина и позитивна енергија.


Песната е авторско дело на Димитар, кој ги потпишува музиката и аранжманот, додека текстот е на Магдалена Цветкоска – Ена. Видеоспотот е во режија и продукција на Јани Патче од Битола.

Со ова издание Андоновски се враќа на соло-кариерата, по години посветени првенствено на пишување, аранжирање и продукција за други изведувачи, како и создавање музика за театарските сцени во Македонија и Србија, за кои беше и наградуван.

„Сакав да создадам песна што буди добро расположение, лесно влегува во уво и шири позитива. Мило ми е што со „Губам контрола“ повторно ја споделувам мојата музика со публиката. Наскоро ќе биде достапен и мојот официјален веб-сајт каде што на едно место ќе бидат собрани сите мои песни, видеа, соработки и настапи, како и проектите поврзани со мојата работа како музички продуцент и автор на поп, театарска и филмска музика“, вели тој.

„Губам контрола“ е само почеток на новото музичко поглавје на Димитар, од кого во периодот што следува публиката може да очекува нови авторски песни, но и интересни соработки со други колеги од естрадата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK