Американскиот актер Ар Џеј Мити, познат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во хит-серијата „Breaking Bad“, почина на 34-годишна возраст, пренесува TMZ.
Според овој американски медиум, смртта на актерот ја потврдил службеник од округот во Тексас каде што Мити починал во понеделникот, 12 октомври.
‘Breaking Bad’ star RJ Mitte has died by suicide at 34, TMZ reports. https://t.co/JLwKAvthD6
— Pop Crave (@PopCrave) October 12, 2026
TMZ известува дека станува збор за самоубиство, додека надлежните органи продолжуваат да ги истражуваат околностите.
Мити се стекна со светска слава со улогата на Волтер Вајт Џуниор, синот на главниот лик што го толкуваше Брајан Кренстон. Тој се појави во 56 епизоди на „Breaking Bad“, серија што постигна огромна популарност ширум светот.
Покрај таа улога, тој глумеше во остварувања како „The Oak Room“ и „The Recall“, како и во серијата „The Guardians of Justice“.
Во приватниот живот, Мити се залагаше и за поголема застапеност на лицата со попреченост во филмската и телевизиската индустрија.