(Видео) Се урна пакистански воен авион; загинаа двајцата пилоти


14357443.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мал воен авион за обука на пакистанската армија се урна денес во близина на градот Квета во југозападен Пакистан, при што загинаа двајцата пилоти, соопшти војската.


Според агенцијата АП, несреќата се случила во близина на Наван Кили, во областа на Квета – главен град на провинцијата Балучистан, која граничи со Авганистан.

Стануваше збор за авион од типот „PAC MFI-17 Mushshak“ – мал авион со еден мотор и пропелер, наменет за основна обука на воени пилоти. Во него се наоѓале инструктор за летање и пилот-кадет. Според првичните информации од пакистанската армија, причина за падот бил технички дефект.

Не се објавени дополнителни детали за инцидентот. Претседателот Асиф Али Зардари и премиерот Шехбаз Шариф изразија сочувство до семејствата на загинатите пилоти.

Падовите на авиони за обука се релативно честа појава во Пакистан. Властите ретко објавуваат информации за причините, а извештаите од истрагите најчесто не се достапни за јавноста. Во јуни, авион на воздухопловните сили се урна за време на рутинска вежба во северозападен Пакистан, при што исто така загинаа двајцата пилоти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK