(Видео) Винисисус како Калимеро: Нема правда, само јас секогаш добивам картони


depositphotos_751259606_xl-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Винисиус му се извини на Реал Мадрид и се пожали на двојните стандарди на судиите по бизарното исклучување во минималната победа на „кралскиот клуб“ над Виљареал.


Бразилскиот репрезентаивец, од сосема нејасна причина, го повлече играчот на „жолтата подморница“, Натан Салиба, за коса. По проверката на ВАР, судијата му покажа директен црвен картон во 72-та минута.

На овој начин, голот што го постигна во продолжението на акцијата, само 20 минути по влегувањето на теренот во второто полувреме, беше поништен.

Потоа Вини испрати кратко извинување до својот клуб преку социјалните мрежи – „Радоста продолжува, им се извинувам на тимот и навивачите“.

Наместо да остане на извинувањето, 26-годишникот се пожали на критериумите на арбитарите, заедно со низа приложени ситуации во кои наводно бил оштетен.

„Кој доби жолти и црвени картони овде? Само Винисиус, каква штета!“

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK