Во средбата од шестото коло од Серија А на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа без победник 1:1.
Милан славел на стадионот Мапеи на 22 мај 2022 година. Денот кога го освоија последното Скудето. Оттогаш, во четири натпревари, има три нерешени и еден пораз.
Со оглед на тоа што Милан има само една победа против Сасуоло во овој четиригодишен период, уште еднаш се потврди дека зелено-црните се „црна мачка“ за седумкратниот европски шампион.
Добар дел од натпреварот, тимот на Рубен Аморим изгледаше дека цврсто ја контролира играта. А тој впечаток беше особено засилен по феноменалниот гол на Адриен Рабио во 63-та минута.
🚨 Adrien Rabiot put AC Milan ahead in the 63rd minute.
🇮🇹 Sassuolo 0-1 Milan
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 11, 2026
Сепак, радоста на Росонерите траеше само пет минути. Лоша реакција на одбраната по корнерот, а Одентал ја турна топката во голот за 1:1.
На крајот, може да се каже дека Милан исто така имаше среќа што спаси бод. Сасуоло постигна гол кој беше поништен поради прекршок во нападот.
Foto/ Depositphotos