Пијан возач со автомобил влетал во полн ресторан во Солун, повредени три лица


soobrakajka-solun.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица се повредени откако 45-годишен возач со автомобил удрил во стаклениот излог на угостителски објект во населбата Евосмос, во Солун.


Според информациите на грчкиот медиум ЕРТ, повикувајќи се на полицијата, возачот изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во локалот. При алкотестирањето било утврдено дека 45-годишникот управувал со автомобилот под дејство на алкохол.

Во несреќата биле повредени тројца гости во угостителскиот објект, а на локалот била причинета материјална штета.

Возачот е уапсен и ќе биде изведен пред надлежните правосудни органи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK