66-годишен маж бил пронајден починат во својот дом во Кичево, откако неговата ќерка пријавила дека неколку дена не успевала да стапи во контакт со него.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 10 октомври 2026 година, во 16:45 часот, во ОВР Кичево, А.Ј. (32) од Битола пријавила дека не може да го контактира својот татко Л.Ѓ. (66) од Кичево.
Полициски службеници излегле на местото и го пронашле мажот починат во неговиот дом. На телото немало видливи траги на насилство.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.