Соединетите Американски Држави и Грција постигнаа договор за продажба на воена опрема вредна четири милијарди долари, со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Атина и продлабочување на билатералната соработка.
Договорот беше објавен по шестиот американско-грчки стратешки дијалог, одржан во Атина, на кој учествуваа американскиот државен секретар Марко Рубио и грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, пренесува Анадолу.
Според заедничкото соопштение објавено од американскиот Стејт департмент, воената опрема ќе ги поддржи долгорочните одбранбени планови на Грција и ќе ја подобри оперативната усогласеност меѓу вооружените сили на двете земји. Потврден е и договорот за вклучување на Грција во програмата за партнерство со Националната гарда на Флорида, како и испораката на оклопни возила „Страјкер“.
Вашингтон и Атина се договорија да ја прошират соработката во борбата против тероризмот, нелегалната миграција и организираниот криминал, како и во областа на кибербезбедноста и напредните технологии.
Двете земји најавија и зајакнување на економската и енергетската соработка, со посебен акцент на проектот за Вертикалниот гасен коридор и истражувањето на јаглеводороди.