Македонски Телеком одбележува 30 години од првата мобилна мрежа во Македонија – три децении во кои мобилните комуникации целосно го променија начинот на кој комуницираме, работиме и живееме.
Во изминатиот период Телеком, преку 2G, 3G, 4G и 5G, ги воведе сите нови генерации мобилна технологија на македонскиот пазар. Од првите мобилни разговори, преку мобилен интернет и видеоповици, до стриминг, cloud услуги и поврзани уреди… – секоја нова генерација носи сѐ повеќе можности. Триесет години подоцна, компанијата го прави следниот голем технолошки исчекор со првата самостојна 5G мрежа во Македонија – 5G Standalone (5G+).
„За нас овој јубилеј не е само приказна за технологијата, туку и за луѓето и за промените што ги создававме заедно, за генерациите колеги и корисници, со кои заедно го градевме дигиталното општество. Горди сме што сме дел од оваа приказна, а приказната продолжува со лидерство. Токму во годината кога одбележуваме 30 години мобилна телефонија, со првата 5G + мрежа го отвораме следното поглавје на дигиталниот развој на Македонија.“, изјави Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
Со 5G +, Телеком ја започнува следната фаза во развојот на мобилните мрежи. Станува збор за најголемата промена во мобилните мрежи во последната деценија и за нова технолошка основа што ќе овозможи пофлексибилно и поперсонализирано поврзување. 5G+ ја отвора вратата за Network Slicing, нови AI и cloud услуги, AR/VR, поврзани уреди и решенија за бизнисите и индустријата. Новата инфраструктура е веќе поставена, а нејзините функционалности ќе бидат достапни за корисниците наскоро.
Славиме со корисниците
Телеком го слави триесетгодишниот јубилеј заедно со корисниците, со специјални понуди и подароци во Magenta Moments.
Во знакот на бројот 30, овој месец корисниците добиваат 30% попуст на голем број смартфони и 30% попуст кај 30 партнери во Magenta Moments, бонуси при купување уреди и дополнителна опрема и три пати повеќе месечни срца. Достапни се и „плати 1, земи 2“ понуди од KFC, Еурофарм и други партнери.
Јубилејот носи и посебни искуства – патување за целото семејство во Сингапур, K-pop концерт за целото семејство, iPhone DUO, Dyson PencilWash и HONOR 600.
Од првата мобилна мрежа до 5G+, Телеком 30 години ја поврзува Македонија и ги носи најновите светски технологии на македонскиот пазар. Со континуирани инвестиции во мрежата и во нови технологии, компанијата продолжува кон следната фаза од дигиталниот развој.