Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку Владата им помага на општините за развој и инфраструктура за овие повеќе од две години, изјави:
„Па, ние очекуваме, мислам дека во Скопје беше 16, а во Македонија 37. Значи, 16 се во фаза на изработка во Скопје, а 37 се на целата територија на земјата. И со тоа, како што кажав, резултатот очекувам на крајот да биде да нема повеќе листи на чекање за дечињата.“
Во однос на проектите за кои аплицираа општините и колку се реализирани досега, претседателот Мицкоски додаде:
„Па, некаде околу милијарда и пол, ако не се лажам, милијарда и петстотини милиони – тоа се околу 25 милиони евра, средства наменети, односно децентрализирани од буџетот кон општините за изградба, проширување, реконструкција, пренамена и така натаму на градинки.“