Летната сезона сè уште трае за познатата Ирина Шајк, а судејќи според фотографиите, таа нема намера да се откаже од бикините.
Иако летната сезона одамна заврши, некои ѕвезди одбиваат да се разделат од своето омилено летно парче облека – бикините. Познатата манекенка Ирина Шајк неодамна го привлече вниманието носејќи неколку впечатливи модели на костими за капење за време на едно фотосесија.
Irina Shayk in Ibiza for Hunza G’s Resort 27 swimwear campaign. https://t.co/MgH8WnS7ij
— Thought Catalog (@ThoughtCatalog) October 7, 2026
Таа позираше за колекцијата „Resort ’27“ на брендот „Hunza G“, а модниот едиторијал беше снимен на Ибица. Манекенката гордо носеше неколку атрактивни модели на бикини кои на уникатен начин ја истакнаа нејзината препознатлива убавина.
View this post on Instagram
Нејзината витка фигура и заводливиот поглед беа јасно видливи на фотографиите; особено се истакна и природната убавина, која таа ја покажа на фотографија каде што е без горен дел од костимот за капење.
View this post on Instagram
„Со години го сакам брендот ‘Hunza G’, па соработката со нив дојде сосема природно. Целата колекција е секси и има разигран дух со нота на носталгија по 2000-тите – детал што навистина го обожавам. Снимањето на Ибица, опкружена со пријатели, беше посебен момент за мене“, изјави манекенката.
View this post on Instagram
Компилација од фотографиите од снимањето беше објавена на официјалниот профил на брендот на Инстаграм, каде што доби бројни пофалби од фановите, како за колекцијата костими за капење, така и за прекрасниот изглед на познатата руска манекенка.
View this post on Instagram
„Преубава си“, „Ја обожавам оваа колекција“ и „Најдобрите бикини што некогаш сум ги видела“ беа само дел од коментарите.
View this post on Instagram