Од 18 септември до 3 октомври во „Музејот Ротко“ во Даугавпилс, Латвија, се одржа 22-от сликарски симпозиум „Марк Ротко“ 2026, на кој беше поканет нашиот реномиран уметник Мице Јанкуловски.
На симпозиумот учествуваа 10 реномирани уметници: Никол Мулер, САД (Nicole Mueller, USA); Густавс Филипсон, Латвија (Gustavs Filipsons, Latvia); Андре Хемер, Нов Зелан/Австрија (André Hemer, New Zealand/Austria); Вероника Хемпел, Полска (Weronika Hempel, Poland); Мице Јанкуловски, С. Македонија (Mice Jankulovski, N. Macedonia); Роза Хуанко, Шпанија (Rosa Juanco, Spain); Вилен Кунапу, Естонија (Vilen Künnapu, Estonia); Хенри Мандел, САД (Henry Mandell, USA); Петер Маслов, САД (Peter Maslow, USA); Ема Велде-Шафер, Нов Зеланд (Emma Velde-Schaffer, New Zealand).
На 2 октомври беше отворена изложбата со делата од уметниците создадени за време на симпозиумот. Изложбата ја отвори директорот на Музејот „Марк Ротко“, Марис Чачка (Māris Čačka), а куратор на симпозиумот и на изложбата е Павелс Терентјевс (Pāvels Terentjevs). Изложените дела создадените дела за време на симпозиумот, според избор на стручната комисија на музејот “Ротко“, остануваат во колекцијата на музејот.
За уметникот
Мице ЈАНКУЛОВСКИ (р. 1954 г. во Сливово, Охрид, Македонија)
Завршил Архитектонски факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Живее и работи во Скопје, С. Македонија (https://www.micejankulovski.mk)
Како уметник, со децении постојано е посветен на истражувањето и создавањето во областа на сликарството и цртежот, додека е јавно присутен преку повеќе уметнички дисциплини (карикатура, сликање сатирични слики на стакло, анимиран филм, палиндроми…).
Неговата биографија содржи повеќе од шеесет самостојни изложби во земјата и во странство и забележителни претставувања на значајни меѓународни изложби и биенални манифестации, како во Фиренца, Санкт Петербург, Солун, Венеција, Торино, Ларнака, Варна…
Добитник е на многу награди меѓу кои: 2025 – Посебно ГРАН ПРИ на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на наградени уметници 2025 (Струга, С. Македонија); 2024 – Годишна награда за мал формат, Друштво на ликовни уметници на Македонија (Скопје, С. Македонија); 2023 – ГРАН ПРИ на 17-то Меѓународно биенале на минијатурна уметност (Г. Милановац, Србија); 2022 – Национална награда за животно остварување „11. Октомври“; 2021 – Награда за најдобар уметник (Биенале Ларнака, Кипар); 2020 – НАГРАДА РЕМБРАНТ за извонредност во уметноста (од САВУ – Светска асоцијација за визуелни уметности); 2019 – НАГРАДА ЕЛ ГРЕКО за најдобар уметник (Арт Тесалоники, Грција); 2019 – НАГРАДА „ЛОРЕНЦО ИЛ МАЊИФИКО“ за животно дело (XII Биенале во Фиренца, Италија); 2018 – Уметник на светот (Биенале Ларнака, Кипар); 2017 – ГРАН ПРИ (19-то меѓународно биенале за печатење, Варна, Бугарија); 1997 – ГРАН ПРИ Светска галерија на карикатура, Скопје; 1985 – НАГРАДА „13 НОЕМВРИ“ на Град Скопје; 1985 – ЗЛАТЕН МЕДАЛ (награда на Советот на Европа) и СРЕБРЕНА УРМА за хумористичен дизајн на зададена тема (38-ма Меѓународна изложба за хумор на тема: Човекот и технологијата, Бордигера, Италија) …
Покрај многубројните написи, книги и каталози за неговата професионална работа, објавени се и неколку монографии за творештвото на Јанкуловски, со текстови од домашни и странски ликовни критичари и меѓународно познати историчари на уметност како Александар Боровски, Русија; Енцо ди Мартино, Италија; Проф. Манос Стефанидис, Грција; д-р Мелани Зеферино, Италија; д-р Жолт Петрани, Унгарија; д-р Деница Јанева, Бугарија, како и колеги-уметници Мати Грунберг, Израел; Олга Тобрелуц, Русија; дипломатот, писателот и поет Милан Јазбец, Словенија,…
Јанкуловски е вклучен во антологијата „Македонска карикатура“ од Владимир Величковски (1994) и во антологијата „Визуелните уметности во Македонија – XX век“, Книга II – Мултимедијална уметност од Соња Абаџиева (2017).
За сликарскиот симпозиум „Марк Ротко“
Меѓународниот симпозиум за сликарство на Музејот Ротко се одржува во месецот на раѓањето на Марк Ротко (25 сеп. 1903 – 25 фев. 1970), во чест на светски познатиот уметник во неговиот роден град – Даугавпилс. Стотици латвиски и странски уметници кои се блиски до сликовниот јазик и филозофското јадро на делата на Ротко аплицираат за двонеделниот престој секоја година. Учесниците работат две недели во сликарските студија на Музејот Ротко, создавајќи уметнички дела за изложбата на симпозиумот. На крајот од симпозиумот, некои од делата се додаваат во колекцијата на музејот, продолжувајќи да ја гради својата меѓународна колекција на современо сликарство.
Со учество на уметници од САД, Австрија, Естонија, Нов Зеланд, Полска, Шпанија, Северна Македонија и Латвија, во Музејот „Ротко“ во Даугавпилс се одржа 22-от меѓународен сликарски симпозиум „Марк Ротко 2026“.
Интересот за учество на овој двонеделен симпозиум – за време на кој се создаваат дела за изложбата на учесниците и за колекцијата на Музејот „Ротко“ – годинава го достигна своето највисоко ниво досега: на отворениот повик беа примени 290 пријави од речиси 50 земји. Стручната комисија на музејот избра десет уметници чиј креативен израз, професионално искуство и творечка насока најцелосно ја одразуваат идејата на симпозиумот за дијалог помеѓу современото сликарство и креативното наследство на Ротко.
Јавната програма на симпозиумот вклучуваше претставување на уметниците (22 сеп. во 15:15 ч. во видео-салата на Музејот „Ротко“), каде што учесниците го претставија својот досегашен пат во визуелните уметности и зборуваа за идеите и техниките што ја карактеризираат нивната творечка практика.
Симпозиумот заврши на 2 октомври во 16:00 часот со отворањето на изложбата на новосоздадените дела, кои остануваат во колекцијата на музејот „Ротко“.